Паузата во македонската ракометна лига заврши и екипите овој викенд ќе им се вратат на обврските. Ракометарите на Охрид мечот од првата рунда во втората фаза од плејаутот лигата го играат против Прилеп на гостински терен.

Ракометарите на Охрид имаат максимален ефект од пет победи во пет одиграни мечеви во плејаутот и ќе биде чудо ако победничкиот низ не продолжи и во Прилеп.

Натпреварот од шестата рунда се игра утре (сабота) со почеток во 19 часот.

OhridNews