Ракометарите на Охрид четврток (утре) со почеток во 16:30 часот против Вардар Јуниор на гостински терен ќе ги продолжат мечевите од плеј-аутот во Супер лигата.

„Гладијаторите“ имаат три победи во исто толку одиграни натпревари во плеј-аутот и со фаворитската улога пред себе влегуваат во дуелот со „вардарци“.

Охридскиот клуб е водечки во плеј-аутот со 39 бодови. Охриѓани имаат пет бодови повеќе од Струга, а потоа следуваат Вардар Јуниор со 21 поен, Радовиш со 28, Прилеп со 13 и Борец кој нема бодови.

OhridNews