Ракометниот клуб Охрид на 22 и 23 август ќе учествува на Меѓународниот ракометен турнир во Тузла. Учество на турнирот кој се одржува по повод 60-годишниот јубилеј на домаќинот Слобода ќе земат Метопластика од Шабац предводена од Веселин Вујовиќ и унгарскиот клуб Орошази.

Учеството на турнирот ќе биде еден тест за амбициите и квалитетот на охридскиот ракометен клуб во пресрет на новата сезона во Супер лигата. Клубот, веднаш ја прифати поканата и го потврди учеството на еден најстарите турнири во овој регион.

„Гладијаторите“ предводени од новиот тренер Раде Стојановиќ полека го екипираат ростер за новата сезона и остануваа уште ситни детали за официјализирање на нов трансфер. Пред портите на Охрид се наоѓа Денис Тот. Хрватскиот интернационалец ги договори сите услови со клубот и останува само официјален потпис.

Охриѓани подготовките за новата сезона ќе ги започнат на 5-ти август.

OhridNews