Младинската екипа на Ракометниот клуб Охрид го задржа максималниот ефект во младинскиот шампионат победувајќи го Вардар на домашен терен со 34-23 (16-9).

Натпреварот од деветтата рунда помина во апсолутна доминација на охридските „гладијатори“. Избраниците на Сашо Ристески ги контролираа работите од почетокот до крајот играјќи меч без ниту една грешка.

Охриѓани на стартот од натпреварот поведоа (5-1), а на половината од првото полувреме имаа водство од седум погодоци (11-4). Разликата варираше, но домашните ракометари ја задржаа и на одмор заминаа со 16-9.

Во второто полувреме ракометарите на Охрид додадоа гас и со серија од 4-1 обезбеди двоцифрена предноста на семафорот (20-10). Домаќините почнаа да ротираат во составот, а и помладите ракометари кои добија шанса не разочараа и го спроведа мечот во мирна завршница.

Голгетерски во тимот на Охрид се истакна Мартин Ивановски со седум голови, Наум Костов и Николче Ристески реализираа шест, а Михаил Ивановски постигна пет погодоци. По три пати прецизни беа Кристијан Димитриески и Лазар Петровиќ, а два пати во листата се запишаа Марко Ангелоски и Даниел Андоновски.

Во следната 10-та рунда Охрид гостува кај тимот на Јуниор од скопска Кисела Вода.

OhridNews