Ракометарите на Охрид ја прекинаа серијата порази во Супер лигата. Во натпревар од 10-то коло што се одигра вечерва во спортската сала „Билјанини извори“, ГРК Охрид ја совлада екипата на Прилеп 33:21, полувреме 14:10.
Со оваа победа, „гладијаторите” се приклучија кон врвот на табелата.
По 10 одиграни кола, Охрид има 15 бода, три повеќе од денешниот противник Прилеп со кој беше на делба на седмата позиција.
Г.М.