Во рамки на 8то коло од Супер лигата ГРК Охрид ја пречекува екипата на РК Металург на домашен терен. Натпреварот ќе се одигра на 23ти октомври во сабота со почеток од 18:00 часот.

Согласно новата одлука од Владата во однос на протоколите за заштита од Ковид-19, дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата. Сите кои ќе сакаат да го следат мечот мора да прикажат Сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Присутните во публиката задолжително мора да носат заштитна маска.

Билетите по цена од 100 денари се достапни на Билетарата од СРЦ Билјанини Извори.

 

OhridNews