„Гладијаторите“ со полн интензитет се подготвуваат за натпреварите од Купот на Македонија, закажани за претстојниот викенд.
Атмосферата во екипата е одлична, во погон се сите играчи со исклучок на Даниел Андоновски и Абдерахим Боудрали, кои се уште се опоравуваат од повредите.
Не одиме со бело знаме во Скопје на мечот со Вардар. Ќе дадеме се од себе на натпреварот со тешкиот противник, кој ќе го искористиме и за подигање на формата за исклучително значајните мечеви од плејофот кои ни следат. – изјави шефот на стручниот штаб Горан Андоновски.
Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Вардар се игра во сабота во Скопје од 17 часот.
OhridNews