ГРК Охрид ја совлада екипата на Пролет во 8 коло од Супер лигата 32:29, полувреме 18:24, и го задржа чекорот со водечките екипи на табелата.

Гладијаторите до победата стигнаа потешко од очекувањата. Иако во првиот дел Охрид имаше предност од 4 гола, Пролет во второто полувреме целосно се врати во игра. На срединатќ од вториот дел гостите од Скопје имаа предност од два гола. Тоа го запали алармот кај Охрид кој набрзо ги консолидира редовте и со мини серија го врати водството кое не го испушти до крајот

 

Ракометарите на Охрид по мечот со Пролет патуваат за Романија каде во сабота ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ купот со Потаиса Турда.

Г.М.

Фото: А. Момироска