Пред ГРК Охрид е натпреварот на сезоната во борбата за подобар пласман во разигрувањето во ракометната Супер лига. Во „Билјанини извори“ гостува 4-то пласираниот Тиквеш кој има само бод повеќе на табелата од петтопласираниот Охрид.

„Гладијаторите“ најавуваат максимална борбеност и пожртвуваност во натпреварот на кој им е потребна поддршка од верната публика и навивачите.

Натпреварот со Тиквеш е од големо значење за подобар пласман. Тиквеш е сериозен противник, но ние ќе дадеме се од себе да ги освоиме трите бода. Клуч за успех на претстојниот меч ќе биде да одиграме во одбрана како на претходните две средби, вели пикерот Владимир Бојаниќ.

Од денес па се до почеток на натпреварот во продажба се картите за ракометниот спектакл ГРК Охрид – ГРК Тиквеш кои ќе може да се купат во чаршијата во близина на Летница, Кај Аждер, и на билетарата на сс „Билјанини извори”.

Натпреварот се игра во сабота со почеток во 17:30 часот во спортската сала „Билјанини Извори“.

OhridNews