ГРК Охрид е пред нов плеј-оф предизвик утре кога во Охрид гостува Алкалоид. „Гладијаторите“ најавуваат голема борба во текот на целиот меч, а со поддршка на верната публика надеж бодовите да останат во Охрид.
Тренерот Горан Андоновски на денешната прес конференција вели пред нив е уште еден дерби натпревар со квалитетната екипата на Алкалоид.
Се подготвуваме, ќе дадеме се од себе и покрај тоа што имавме некои проблеми со составот на екипата уште пред натпреварот со Тиквеш кога на повреда на лакотот се жалеше Даниел Андоновски. Играше со аналгетици и ја влоши состојбата на натпреварот со Тиквеш и најверојатно нема да биде во составот за следниов натпревар. Во истата недела бевме и без Дрогришки кој поради договор меѓу клубовите не смееше да настапи во Кавадарци. На два дена пред утакмицата се повреди и Каракоч кој имаше повреда на зглобот. Ја имавме таа несреќа што на истиот тој натпревар во првото полувреме се повреди и Боудрали. Тиквеш е одлична екипа и заслужено победи. Одиме понатаму. Презадоволен сум од првите три кола во плеј-офот, вели Андоновски.
Додават дека и покрај сите проблеми кои ги имале за составување на екипата оваа година, успеале да донесат квалитетни домашни и странски играчи и да направат квалитетна екипа која сеуште игра во врвот на македонскиот ракомет.
Исто проблем имавме и на полусезона, бидејќи останавме пак без тројца играчи, Озтурк, Ончев и Костов. Бевме принудени да најдеме нови играчи, а неможевме да најдеме македонски. И покрај тоа што сите најавуваа дека Охрид нема да го биде, Охрид е одличен и за разлика од минатите три години кога играше епизодна улога во плеј-офот е на добар пат и на ниеден натпревар нема да игра епизодна улога, што и го покажавме на изминатите три натпревари. Очекувам фанатична борбеност од моите играчи на утрешниот натпревар, истакна Андоновски.
Пикерот Владимир Бојаниќ истакна дека екипата на Алкалоид игра добро, а тие ќе дадат се од себе за освојување на три бода.
Во регуларниот дел како што и веќе знаете одигравме два натпревари со Алкалоид, во ниеден не не надиграа. Екипата на Алкалоид е млада екипа која игра добро. Ќе дадеме се од себе, се подготвувавме и покрај тоа што имаме проблеми со повредени играчи, ќе одиграме една добра утакмица да покажаме дека сме одлична екипа, која може да се бори за Европа. Атмосферата е одлична во екипата. Ги повикувам сите навивачите и НГ „Рибари“ да дојдат да не поддржат и да освоиме три бода, вели Бојаниќ.
Позитивна оценка за уловите, играта и тренизите во клубот даде десниот бек Гал Цирар потенцирајќи дека ако продолжат со тренинзите како и досега може да имаат позотовен резултат на крајот на сезоната.
Задоволен сум како се игра македонскиот ракомет и можам да кажам дека очекував вакви тешки натпревари и ми се допаѓа што салите беа полни. Мислам дека имаме една добра екипа и можеме секој натпревар да го добиеме, ако продолжиме да тренираме како што тренираме сега мислам дека може да се надеваме на позитивен резултат на крајот на сезоната, додаде Цирар.
Натпреварот ГРК Охрид-РК Алкалоид се игра утре во салата „Билјанини извори“ со почеток во 20 часот.
Н.С.Ј.
видео. К.С.