Градскиот ракометен клуб Охрид на 22 јули ги почнува подготовките за сезоната 2023/24 во која влегува со освежен и надграден состав, нов тренер и сериозни амбиции.

Исто така, на 22 јули, стартува и продажбата на сезонски билети за мечевите на ГРК Охрид во Супер лигата и куп натпреварите на кои ќе настапува клубот.

Цената на сезонски билет со дрес од ГРК Охрид изнесува 2000 денари, информира клубот.

Г.М.