Градскиот ракометен клуб Охрид денес почнува со подготовки за сезоната 2023/24. Клубот влегува освежен и со надграден состав, нов тренер и сериозни амбиции.

50 годишниот македонски стратег Стефче Алушовски потпиша за тимот на Гладијаторите до 2026 година. Алушовски изрази задоволство што повторно после двегодишна пауза се враќа во македонскиот ракомет, а посебно затоа што го превзема амбициозниот проект на РК Охрид.

За новата сезона клубот ангажираше четворица македонски репрезентативци, голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски.

Новите дресови на клубот ќе ги носат и младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ, додека на бековска позиција ќе игра и грузиецот Теимураз Орјоникидзе.

Од денес почнува и продажбата на сезонски билети за мечевите на ГРК Охрид во Супер лигата и куп натпреварите на кои ќе настапува клубот.

Цената на сезонски билет со дрес од ГРК Охрид изнесува 2000 денари.

OhridNews