„Гладијаторите“ денес пред нов предизвик, овој пат против силниот Алкалоид во Скопје. Ракометарите на Охрид најавуваат дека ќе дадат максимум од себе во битка за бодови.
Играме против одличната екипа на Алкалоид, која ја води едно од најголемите имиња во ракометниот спорт и која се бори за самиот врв во Супер лигата. Како спортист, сакам да победуваме во секој натпревар. Ќе дадеме максумум на терен, вели десното крило Гал Цирар.
Натпреварот се игра со почеток во 19 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје. „Гладијаторите“ на табелата се четврти со 12 поени, додека Алкалоид е трет.
OhridNews