„Гладијаторите“ синоќа отпатуваа за Романија каде во сабота, 26 октомври, ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ купот против Потаиса Турда.

На гостувањето ГРК Охрид заминува со предност од 6 гола, што ја обезбедија на првиот меч одигран во „Билјанини извори“ и голема позитивна енергија од верните навивачи со која тие ги испратија милениците кон нов европски успех.

OhridNews

фото. А. Момироска