Пред ГРК Охрид е тешко гостување во Скопје кај Алкалоид. „Гладијаторите“ најавуваат максимална борбеност во битката за бодовите.

Во сабота не очекува тешко гостување во Автокоманда каде нема да биде воопшто лесно. Ние ќе дадеме максимум да одиграме најдобро што можеме. На секој натпревар одиме на победа, изјави пикерот Владимир Бојаниќ.

Натпреварот се игра во сабота, 27 април, со почеток во 17:15 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје.

OhridNews