Плеј-оф натпреварите во Супер лигата продолжуваат со несмален интензитет. „Гладијаторите“ ги очекува нов предизвик, овој пат против силниот Алкалоид во Скопје. Играчите на ГРК Охрид најавуваат дека ќе дадат максимум од себе во битката за бодовоите во салата „Автокоманда“.

После важната победа над Тиквеш, нема време за одмор. Во петок играме против одличната екипа на Алкалоид, која ја води едно од најголемите имиња во ракометниот спорт и која се бори за самиот врв во Супер лигата. Како спортист, сакам да победуваме во секој натпревар. Имаме три дена максимално да се подготвиме за овој дуел и да дадеме максумум на терен, вели десното крило Гал Цирар.

 

Натпреварот се игра во петок во 19 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје. „Гладијаторите“ на табелата се четврти со 12 поени, додека Алкалоид е трет.

OhridNews