Во рамките на деветнаесеттото коло на Втората Македонска кошаркарска лига тимот на ГКК Охрид го пречекува тимот на КК Партизан Водно-санс кој е директен конкурент за разигрување во Плеј-офот.

За да ја оствариме таа цел покрај максималната борбеност на играчите ќе ни треба и поддршка од трибините. Ги повикуваме сите љубители на кошарката, дојдете заедно да допринесеме да го гледаме ГКК Охрид во Плеј-офот, велат од клубот.

Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток во 13:30 во спорстката сала „Билјанини извори“.

OhridNews