Последните секунди од натпреварот помеѓу кошаркарите на ГКК Охрид и КК Струмица решавачки за извојување победа. ГКК Охрид на полувремето имаше 13 поени предност, за на средина од трета четвртина да достигне дури и 21 поен разлика.
Но, по голем пад во играта на нашите кошаркари КК Струмица ја анулира предноста за пред крајот на последната четврта четвртина гостите на 1.30 сек. до крај дојдат до предност од 6 поени. Пресвртот се случи во последната минута со брзи две тројки на Стојаноски и Кузманоски го израмнавме резултатот. Во последниот напад на гостите по прекршокот над Зетов истиот погоди само едно слободно фрлање. ГКК во последниот напад по шутот за три поени на Кузески и офанзивниот скок на Стојаноски на 3 секунди до крај беше досуден прекршок и две слободни фрлање кој Стојаноски ладнокрвно ги реализира и Охриѓани дојдоа до голема победа со резултат 91:90, информираат од клубот.
Од клубот со честитки до момците кои успеаја да останат присебни и со малку спортска среќа победници на овој натпревар, а воедно и благодарност за огромната поддршка од трибините.
OhridNews