Кошаркарите на Охрид загубија на домашен терен од Гостивар 64:87 во натпревар што се одигра во рамки на 4 коло од Првата лига.
Гостите од Гостивар добро го отворија мечот и веќе во првата четвртина имаа двоцифрено водство 13:24. Охрид во еден момент стигна до – 7 (30:37), но тое беше се што направија домаќините. До крајот разликата само се зголемуваше и гостиварци забележаа убедлива победа.
Ибраими кај Охрид постигна 17 поени, додека Златевски на спротивната страна уфрли 22.
На табелата со по 7 бода водат Еуро Никел, МЗТ, Чаир и ТФТ Скопје. Охрид е 11-ти со 5 бода.
Во следното коло Охрид му гостува на Пелистер во Битола.
Г.М.
Фото: Digital Box