Кошаркарите на Охрид претрпеа пораз во 7 коло од Првата лига. Попладнево во Кавадарци, Еуро Никел убедливо го совлада Охрид 100:59.
Охриѓани беа рамноправен противник во првата четвртина која ја доби домаќинот 20:28. И во втоториот гостите одиграа речиси рамноправно 25:21, додека третата и четвртата четвртина целосно им припаднаа на кавадарчани 35:12, односно 20:8.
Во следното коло, што на програмата е на 18 ноември, ГКК Охрид му гостува на Работнички.
Г.М.
Фото: Архива