Кошаркарите на Охрид претрпеа пораз во 7 коло од Првата лига. Попладнево во Кавадарци,  Еуро Никел убедливо  го совлада Охрид  100:59.

Охриѓани беа рамноправен противник во првата четвртина која ја доби домаќинот 20:28. И во втоториот  гостите одиграа речиси рамноправно 25:21, додека третата и четвртата четвртина целосно им припаднаа на кавадарчани 35:12, односно 20:8.

Во следното коло, што на програмата е на 18 ноември,  ГКК Охрид му гостува на Работнички.

Г.М.

Фото: Архива