Одлучувачкиот натпревар односно „мајсторка“ за влез во Првата лига ќе одиграат во понеделник кошаркарите на ГКК Охрид и Соколи Штип.

Ова следува по одиграниот втор меч од плеј-офот на Втората лига во кој Соколи славеа победа со 79-70. Претходно во првиот полуфинален натпревар кошаркарите на ГКК Охрид извојува победа над КК Соколи Штип со резулатат 84:68.

Ве повикуваме сите од срце да дојдете и да ни дадете поддршка во што е можно поголем број, бидејќи со оваа победа испишуваме нова историја на кошарката во Охрид. Сите со срце за Охрид, порачуваат од ГКК Охрид.

Натпреварот се игра во С.Ц „Билјанини Извори” со почеток во 17:00 часот.

OhridNews