Причината заради која ја посетивме додека беше на час во музичкото школо „Методи Патче“, е освоеното признание „Најмлад учесник“ на Меѓународниот натпревар и фестивал по класична гитара во градот Велинград, Бугарија.
Награда за најмлад учесник – Георгина Балкоска
Георгина не е многу зборлива, но за себе вели дека отсекогаш негувала посебна љубов кон гитарата и дека честопати заспивала заедно со неа. Од неодамна учи класика, но признава дека Клептон и Брајан Адамс со задоволство ги слуша и ги свири нивните песни.
Професорот Крстаноски за неа вели дека поседува талент и вештина на свирење. „Иако делува повлечено, сепак е многу упорна и вредна. Со работа и вежбање, сигурен сум дека ќе достигне високо ниво во иднина“ вели професор Крстаноски.
Со професорот по класична гитара, Александар Крстаноски
Георгина има прилика своето знаење да го прикаже и на вечерашниот годишен концерт (29. мај) , што го приредува ОМУ „Методи Патче“ во катедралната црква Света Софија – Охрид, каде ќе настапи заедно со 25 свои соученици.