На аукцијата одржана во легендарното Хард Рок кафе, во организација на самиот Д`Еџ биле собрани околу два ипол милиони долари.
Но, неговата гитара не била најскапо продадена на аукцијата. Приматот го однела гитарата Ред Фендер Мустанг – сопственост на Џими Хендрикс, продадена за 400.000 долари. На аукција биле ставени (и продадени) саксофонот на Бил Клинтон (54.000 долари) и пар очила на Џон Ленон (30.000 долари)
Со гитарата која ја продал, Д`Еџ ги поминал сите турнеи на У2 од 1985 година и во многу наврати напоменал дека му е најдрага. Од предметите кои ги донирале членовите на У2 биле собрани 600.000 долари.
(hina)