Гитара на еден од основачите на бендот „Пинк флојд“ – Сид Барет беше продадена на наддаввање во аукциската куќа „Шефинс“ во Кембриџ, Велика Британија, за 27.400 долари.

Акустична гитара „Јамаха“, со 12 жици, која му припаѓала на Сид Барет (1946-2006), е оригинален музички инструмент од 1969 година. На аукција ја ставил внукот од брат на гитаристот – Марк Барет, и првично била проценета на 13.700 долари.

Мило ми е што гитарата ќе оди кај некој што ја цени. Се надевам дека купувачот ќе ужива во тоа исто како и мојот чичко, изјави Марк Барет.

Аукциската куќа соопшти дека Сид ја спомнал гитарата и во интервју за списанието „Ролинг Стоун од 1971 година.

Ова е мојата нова гитара со 12 жици. Само што се навикнав, ја пробував вчера, рече тогаш музичарот.

Марк изјави дека инструментот долго време го чувал неговиот татко, кој му го предал во ноември 2020 година, непосредно пред неговата смрт. Според „Шефинс“, гитарата ја купил Французин, кој купил и градинарска маса изработена од Сид – за 3.100 долари. Парите од продажбата внукот веќе ги наменил за добротворната организација „Мајнд“ која им помага на ментално заболени пациенти и за болницата „Артур Ренк“.

OhridNews