Акустична гитара на која Џон Ленон ги компонирал песните “Love me Do” и “I Want to Hold Your Hand”, продадена е на аукција во Калифорнија за 2,4 милиони долари, пренесуваат странските агенции. На аукцијата е продадена и главата (мембраната) нз тапаните кои Битлси ги користеле на познатиот настап на “The Ed Sullivan Show”, а достигнала цена од 2,1 милиони долари. Тоа се и највисоки цени кои предмети поврзани со рокенролот ги достигнале во историјата. Гитарата Ј-160Е Гибсон е украдена од Ленон и со децении била во сопственост на музичарот Џон МекКо кој ја купил во доцните шеесетти години, не знаејќи дека неколку години претходно е украдена од познатиот Битлс.
Аукциската куќа не го соопшти името на купувачот, но прецизира дека продадениот инструмент е само еден од два примероци од тој тип и дека е испратен во 1962 година од САД во Англија за Ленон и Џорџ Харисон. Ленон ја користел гитарата година дена по што ја отстапил на Харисон, за да исчезне во 1963 на Божиќниот концерт. Повеќе од 50 години не било познато каде се наоѓа, се додека Џон МекКо од Сан Диего не откри минатата година дека гитарата која ја поседува можеби има историска вредност. Ја купил за 275 долари, а налетал на приказна за Харисон во некое старо списание и видел фотографија со инструмент кој има слични ознаки како неговата гитара. Експертите утврдија поклопување на серискиот број на гитарата, врстата на дрвото и ознаката од гитарата на Ленон.