Гитара Фендер Стратокастер со која Боб Дилан настапувал на Њујорк фолк фестивалот во 1965 година ќе се најде на аукција на Кристи и  се проценува дека би можела да се продаде за половина милион долари. Фестувалот бил дефинирачки момент во кариерата на Дилан и почеток на негоиот премин од акустичен филк кон електричен рокенрол. Аукцикста куќа проценила дека гитарата, која се продава со оригиналниот кожен ремен и кутија, била можела да достигне 300 до 500 илјади долари.

Моменталниот рекорд, кога станува збор за гитари на аукции, го држи фендерот на Ерик Клептон кој во 2004 година бил продаден за 959 илјади долари. На аукцијата ќе се најдат и текстови на нколку песни на Дилан кои била спаковани во кутијата на гитарата. Речиси половина век се наоѓала во сопственост на едно семејство од Њу Џерси. Дилан ја оставил во прватен авион со кој пилотирал таткото на сопсрвеникот Вик Кинто кој тогаш работел како менаџер на Дилан.