Екипата на тетовска Ренова за противник во првото коло од новоформираната Лига Европа го доби белорускиот Динамо од Минск.

“Гипасарите“ кои втора година по ред ќе играат во Европа во првиот натпревар на 2 Јули ќе гостуваат додека пласманот во второто коло ќе се обидат да го заверат на реваншот една недела подоцна во Скопје. Доколку обезбедат пласман во второто коло нивни противник ќе биде норвешкиот Тромсо.

Милано во првиот натпревар од второто коло на домашен терен ќе го пречека подобриот од дуелот Славен – Биркирака.

Освојувачот на купот Работнички најдобро помина во ждрепката добивајќи го за противник освојувачот на ирскиот куп Крусадерс.

ohridnews