ВМРО НП на прес конференција денеска ја официјализираше кандидатурата на д-р Томе Гиноски за градоначалник на Охрид.

-Се работи за исклучително чесен човек, признат во својата професија, и се надеваме дека ВМРО НП со него ќе победи на претстојните локални избори, рече претседателот на општинскиот комитет на партијата, Ванчо Костоски на промоцијата на градоначалничкиот кандидат.

Во своето прво обраќање до јавноста по номинацијата за градоначалник, хирургот Томе Гиноски, истакна дека ќе се залага за подобрување на живеењето на охриѓани и почист град, како и за подобрување на материјалната и социјалната положба на граѓаните.  

-Со големо задовослство ја прифатив кандидатурата на ВМРО НП. На граѓаните им ветувам дека посветено и чесно ќе ги извршувам сложените обрски кои ги носи градоначалничката функција, рече Гиноски.

Ohridnews