Еден германски гинеколог е под истрага бидејќи тајно фотографирал 1850 пациентки, а кај него биле пронајдени 35 илјади фотографии и неколку видео снимки. Еден од помошниците на лекарот ги известил локалните власти за колекцијата од фотографии на неговиот колега, лекар од Сифетштат, во близината на Франкфурт на западот од Германија.
На фотографиите и неколкуте видео снимки убаво се гледаат околу 1850 голи пациентки, а тој материјал бил откриен во септември 2011 година, пишувало во соопштението од канцеларијата на обвинителството. Лекарот, кој сеуште не бил обвинет, на суд ќе се појави на 10 април, каде ќе се обиде да ја оспори одлуката за одземање на дозволата за работа. Неговиот адвокат рекол дека лекарот е спремен да прифати работа во лабораторија, без никакви контакти со пациенти.