На нешто повеќе од еден месец до почетокот на „Гимназијадата“ подготовките се полн ек и течат според планот. Охридските ученици со нетрпение го очекуваат стартот на една од најголемите манифестации што некогаш се одржала во Охрид.
– Од ден на ден учениците стануваат по нетрпеливи и прават планови што ќе прават за време на „Гимназијадата“. Ние како училиште зедовме активно учество во оваа голема манифестација. Имаме 100 волонтери што доволно говори за заинтересираноста на учениците. Исто така ќе помогниме во сместувањето на децата кои ќе дојдат во многу голем број. Со тоа тие ќе поминат неколку денови заедно и ќе си отворат нови хоризонти во својот живот. Спортот нема граници, јазикот е најмалку битен, а добивката е огромна – рече директортката на средното училиште „Св. Климент Охридски“, Вера Јовческа.
За потребите на „Гимназијадата“ која ќе се одржи во Охрид од осми до десетти мај учениците од средното училиште „Св. Климент Охридски“ изработија веб-сајт, официјално лого, а ќе бидат вклучени и во целата церомонија се ова под будното око на професорите по физичко образование.
– Нивниот ентузијазам ќе биде движечка сила на оваа „Гимназијада“. Тие се вклучени во секој детал од цероменијата, а нивна задача беше и изработката на логото и официјалната интернет страница. Координатори на учениците се професорите по физичко образование кои неисцрпно ја поддржуваат манифестацијата која ќе ја одбележи 2014 година – додаде Јовческа.
Охрид за прв пат ќе биде домаќин на ваква манифестација, а според Јовческа ова е голем проект, за кој треба да се пристапи сериозно.
– „Гимназијадата“ е голем проект, кој ние го прифативме со две раце. Ќе треба сите да се обединиме и да се покажиме како добро домаќини за во иднина сериозно да сметаат на нас. Духот на дружењето и натпреварувањето треба да владее во Охрид за време и по „Гимназијадата“ – заврши Јовческа.
Охридската „Гимназија“ преставници на манифестацијата ќе има кошарка (машки), ракомет (машки и женски), а останува да се одигра уште изборниот натпревар во одбојка.
Мх.П.