Првата инвестиција  според развојните програма на општината за оваа година која почна да се реализира, е во полна фаза. Денеска се во тек интензивните  активности за целосна замена на надворешната дограма на најстариот образовен објект, Гимназијата „Свети Климент Охридски“.

Ќе бидат заменети сите 108 прозорци кои беа дотраени или нефункционални според стандардите за изолација и заштеда на енергијата. Изведувачите работат на замената на догармата, ветуваат дека ќе го испочитуваат рокот – замената на дограмата на целиот објект да заврши најдоцна до 18-ти овој месец.

Замената на надворешната дограма на објектот на Гимназијата која се одвива интензивно со цел да се искористи распустот е само дел од обемната инвестициона програма на општината за оваа година во сферата на образованието.  Само во двата објекти на Гимназијата ќе бидат иинвестирани околу 5,3 милиони денари. За замена на комплетната  дограма издвоени се 3,6 милиони денари. Околу 1,5 милиони денари се наменети за реновирање на фасадата на „Економското“ училиште и уште 650 илјади денари за молерисување на објектот.

Износот на средствата кои ќе се инвестираат во образовните институции изнесува преку 32 милиони денари.

За основните училишта се издвоени  18 милиони денари, воглавно за замена на дограмата, 10,5 милиони се за инвестиции во средните општински училишта,а 4,2 милиони денари ќе се вложат за подобрување на условите во објектите на детската градинака „Јасна Ристеска“. 

Ohridnews