По серијата непријатности и инциденти што се случија во изминатата школска година, Научно-наставниот совет на Гимназијата на седницата одржана денеска, како што неофицијално се дознава, донел одлука за исклучување од училиштето на најмалку тројца ученици. Исто така санкции се најавуваат и против еден професор.
Раководството на училиштето денеска не беше достапно за коментар. Од Министерството за образование апелираат до раководството на Гимназијата да се соочат со проблемите и да не дозволат тие да ескалираат.
Како што е познато во изминатиот период ученици и професор од Гимназијата беа инволвирани во видео клип кој беше прикажан на интернет, а за време на екскурзијата на средношколците во Будва дошло до тепачка со врсници од Скопје.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com