Фудбалската екипа во машка конкуренција предводена од професор Наум Рилкоски на ОСУ Св. Климент Охридски ќе го преставува Охрид во голем фудбал на Гимназијадата Охрид 2014.
На изборните натпревари машката екипа на ОСУ Св. Климент Охридски ги победи соодветните екипи на ЕМУЦ Св. Наум Охридски и ОУТУ Ванчо Питошески.
Во конкуренција на жени Охрид нема да има преставник со оглед дека на денешниот изборен турнир немаше пријавено екипа.
Резултати : ОСУ Св. Климент Охридски – ЕМУЦ Св. Наум Охридски 3 : 0, ОСУ Св. Климент Охридски – ОУТУ Ванчо Питошески 4 : 3
Мх.П.