Учениците од Гимназијата „Св. Климент Охридски“ се победници на Општинскиот турнир во ракомет кој се одржа во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.


„Гимназијалците“ во финалниот натпревар од турнирот ги совладаа учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со 19-14. Претходно, финалистите славеа над Економско и ЕМУЦ.

Со победата на Општинскиот турнир „гимназијалците“ обезбедија учество на регионалниот натпревар во Неготино.

Ако и таму успеат да победат средношколците од „Св. Климент Охридски“ ќе бидат дел од „Гимназијадата“.

OhridNews