Во рамките на спортските проектни активности што ги одржува Активот по спорт при ОСУ „Св Климент Охридски“  во Саботата на 12 мај на планината Галичица планинареа повеќе од 300 ученици од сите години на образование при Гимназијата.

По прекрасно време и извонредни услови за планинарење гимназијалците  уживаа во убавините на оваа наша планинска убавица. Учениците тргнаа од месноста “Два јавора“ и имаа околу 2 часа пешачење до планинарската куќа „Асанџура“ каде го имаа првиот одмор.

Следно тие ја посетија локвата „Симонческа“ и се запознаа со флората и фауната,  типична за овие локви.

Преку Саматската пештера се стигна на месноста Студино каде повторно имаше
пауза. По освежувањето следуваше  последниот дел од оваа планинарска тура кон  с.Велестово.

Галичица во овој период од годината е прекрасна, особено со разлистувањето на вегетацијата и будењето на природата. Овие фотографии од гимназијалката тура по Галишица се надеваме ќе бидат доволна провокација и за останатите да најдат малку слободно време и да ја посетат оваа прекрасна планина.

Н.Ј./Г.М.