Дека во охридското школство нема само лоши примери за што за жал често пишувавме во минатиот период, сведочи потегот на учениците од средното училиште „Св. Климент Охридски“. Тие вчера на иницијатива на младинската организација ги  „освежија“ клупите за седење и корпите во школскиот двор. Клупите покрај поправка добија и нова боја, а истото беше направено и со корпите.


гимназијалците доброволно го уредија школскиот двор

Со доброволни прилози од учениците собравме средства со кои ги уредивме клупите и корпите за отпадоци во гимназијата и економското училиште, ни изјави Наум Митески од Младинската организација на средното училиште„Св. Климент Охридски“.

Во уредувањето на клупите и корпите доброволно се вклучија десетина ученици од гимназијата и економското училиште.