Триста и седумдесет дипломирани средношколци од охридската Гимназија „Свети Климент Охридски“, на пригодна свеченост што ќе се одржи вечерва во 22 часот во спортската арена  „Билјанини извори“ ќе ги примат димпломите за завршено средно образование.


Сенка на свеченоста фрла спорот кој го имаат матурантите со училиштето, кое сеуште не им ги врачило свидетелствата. Причина за тоа како што објави скопската телевизија „Алфа“ е направената штета на компјутерите која раководството на Гимназијата бара да се надомести иако за тоа немало писмена наредба.

“Имавме една таква средба со директорот на просветниот инспекторат Арсов на која тој усно ни укажа да се воздржиме од оваа непопуларна мерка меѓутоа од друга страна сме доведени да мораме истата да ја надоместиме, а нема друг начин, затоа постапивме вака. Ако не платат нема да ги добијат комплетно сведителствата? Не знам конкретно како да ви одговрам на ова прашање, верувајте дека сме поставени во таквa улога да мора училиштата да ја надоместат штетата“, вели во изјава за „Алфа“ директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ.

Ohridnews