Професорот Ралевски од Шведска и директорот Машановиќ
„Во групата сме 40 деца и пет професори. Тука сме на покана од гимназијата „Климент Охридски“ и првите впечатоци се одлични.“ вели Ралевски. „Инаку јас сум по потекло од Битола, роден во Шведска и предавам математика и физика. Ова дружење помеѓу младите од Шведска и Македонија кое започна со посетата на охридската гимназија кај нас во Еслов ќе биде интересен спој помеѓу „резервираноста“ но и искреноста на Швeѓаните и темпераментноста и непосредноста на Македонците“ заклучи Ралевски.
Една недела ќе бидат во Охрид. Ученици од Еслов, Шведска
На денешното дружење во охридската гимназија, домаќините го претставија нашиот град и Гимназијата, а на гостите им беше понудено традиционално македонско јадење. Швеѓaнчињата се тука до петок и за тоа време ќе ги посетат сите позначајни места во Охрид и околината.
Како и сите „северњаци“ најмногу им се допаѓа „убавото и сончево време“ бидејќи деновиве во ладната Шведска било – погодувате – ладно.