За потребите на „Гимназијадата“ и за што подобро нејзно преставување охриѓани Арсо Ристески и Кристијан Јанкоски иначе ученици во Гимназија изработија официјална веб страна.
– Кога професорот Наум Јамандиев ни се обрати и не замоли да изработиме веб страна за престојната Гимназијада прифативме без никакво размислување. За нас тоа е одлично искуство, а исто така наидовме на професионален однос од страна на одговорните лица во Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ – рекоа Ристески и Јанкоски.
На неа (ќе) можат да се видат сите информации за и околу Гимназијадата, сите новитети, а подоцна ќе се објават и распоредот на натпреварите и сите други новитети.
Мх.П.