Во врска со објавените резултати од страна на Министерството за образование за успехот на средните училишта врз основа на споредување на резултатите од матурата и оценките на учениците добиени по предметите од положената матура, со реакција се јави Гимназијата „Св. Климент Охридски“:

„Ве известуваме дека ранигањето е направено според тоа колку оценките по предметите за кои се полагаше матура се поклопуваат со оценките кои по тие предмети ученикот ги имал во текот на четиригодишното школување. Така, и училишта кои имаат и послаб успех и резултати се повисоко рагнирани на оваа листа доколку има поклопување на оценките од 4-те  години образование со резлутатите од предметите за кои се полагаше државна матура.

Постигнатите резултати и успехот воопшто не се предмет на ова рангирање. Високото реноме на Гимназијата и понатаму е задржано доколку се разгледуваат само постигнатиот успех, а доказ за тоа е фактот дека со постигнатите резлутати од
четиригодишното школување и успехот од државната матура, учениците од Гимназијата ги зазедоа највисоките места на ранг листите на факултетите при уписите за оваа студиска година“, се вели во соопштението од охридската гимназија.

Според направената компарација на добиените оценки и постигнатиот успех на матурата, охридската Гимназија се најде на 17-то место на ранг листата на Министерството за образование  направена според отстапувањето од реалниот успех на матурантите.Најдобар, односно најреален успех на матурата покажала скопската Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Ohridnews