Општинското средно училиште Св. Климент Охридски триумфираше на изборниот натпревар во ракомет во машка и женска конкуренција и ќе го преставуваат Охрид на „Гимназијадата“.

„Гимназијлците“ во машка конкуренција предводени од професорите Наум Јамандиев и Ристе Јанкоски ги победија „угостителите“ со 13-8 и во финалниот натпревар ЕМУЦ со 11-7.

Во женска конкуренција во единствениот натпревар Гимназија со 18-12 го совлада тимот на ЕМУЦ и обезбеди директен пласман на завршницата од „Гимназијадата“.

Мх.П.