Екипите во машка и женска конкуренција од О.С.У Св. Климент Охрид се победници на изборниот натпревар во кошарка, кој се одржа во Спортската арена „Билјанини Извори“.
Со триумфот во Општинскиот натпревар екипите директно обезбедија пласман на „Гимназијадата“ која ќе се одржи во Охрид од шести до осми мај.
Машката екипа од гимназија и економско предводена од професорите Наум Јамандиев и Ристе Јанкоски ги победи двата меча и тоа против Емуц со 30-18 односно 29-23 против екипита од угостителското училиште.
Женската екипа од гимназија и економско беше единствена пријавена и автоматски беше победник на Општинскиот натпревар.
Мх.П.