Учениците од Средното општинско училиште „Св.Климент Охридски“ во Охрид денес беа дел од показната вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Денешната вежба беше сценарио на земјотрес и случен пожар.
Беше изведена евакуациска вежба и беа испробани сите оние излези и начин на движење на учениците, професорите и техничкиот персонал. Исто така, преку вежбата учениците и персоналот во училиштето се запознаа со тоа кои се институции би интервенирал во случај на незгоди. Се подготвуваме како да имаме реална ситуација, сите да сме подготвени, за да може ефикасно да се дејствува во случај на елементарна непогода, вели Сашо Точков, претседател на ОО Црвен крст Охрид.
Вежбата помага во случај на некоја незгода учениците да знаат на кој начин можат да се заштитат и да се евакуираат од училиштето, вели директорката на училиштето, Весна Цветкоска.
Да се подготвени во кој правец треба да се движат, да не се прави паника и гужва и добро е да имаат искуство во овие работи кои незнаеме кога можат да се случат. Многу често при вакви незгоди, од паника повеќе може да се повредиме отколку да се заштитиме. Добро е почесто да има вакви вежби за учениците да стекнат едни навики и знаат и самите да се заштитат и да пружат помош на другите. План за евакуација имаме во училиштето и согласно тој план беше изведена и оваа показна вежба, вели директорката на училиштето Цветкоска.
Втора показна вежба во училиштата во која СВР Охрид на терен ги проверуваат сите мерки и предвидени активности кои се зацртани во Плановите за евакуација во училишните центри, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сакаме да видиме како практично на терен би дејствувале учениците, наставниците и останатиот персонал во училиштата во случај на елементарните незгоди, но и субјектите кои се повикани при преземање на мерки во вакви слуачи. Во оваа показна вежба се покажа дека прилично учениците и наставниците ги познаваат мерките и постапките кои треба да ги преземат во вакви случаи и се утврдуваат сите елемнти каде субјектите треба да бидат повеќе координирани. Пред се мислам на одличната соработка во делот на информирање, навремено повикување на Брзата помош, на полицијата и ТППЕ, како и подготвеноста на екипите на Црвен крст да преземаат мерки за спасување на повредено лице. Екипите на СВР Охрид во значително ниво ја покажаа својата подготвеност за дејствување во вакви случаи, рече Димоски.
Следна ваква вежба ќе биде спроведена во средното угостителско училиште, па потоа во основните училишта. На крај е предвидена една централна вежба, каде ќе имаме симулации на повредени, на извлекување, на спасување, на чад, пожар.
Вежбите се спроведуваат во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и ОО Црвен Крст Охрид.
Н.С.Ј.