Во ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид беше изведено “Сценарио за показна вежба на евакуација” во соработка со ТППЕ Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид.
Според однапред утврдено сценарио, учениците предводени од своите класни раководители и координирани од останатите професори и вработени, внимателно ги проследија инструкциите за евакуација во случај на земјотрес, информираат од училиштето.
Потенцираат дека ваквите показни вежби ги подготвуваат учениците, професорите и другите вработени да можат најсоодветно да изреагираат во евентуална кризна ситуација.
OhridNews