Во рамките на проектот „Земете ја иднината во ваши раце” финансиран од ЕУ CRM програмата, дел од учениците од охридската Гимназија учествуваа во организирана изложба на фотографии насловена „Зелено и сино наспроти црно и сиво”.

На изложбата беа прикажани и фотографии од нашите гимназијалци, под менторство на проф. Емилија Трајческа, велат од училиштето.

Целта на оваа изложба беше преку фотографиите да се забележи естетската важност и убавините на Охридското Езеро, кое уште одамна претставува инспирација за голем број уметници и ги привлекува луѓето, предизвикувајќи ги научниците да ги откријат езерските бескрајни тајни и да се подигне еколошката свест кај најмладите, потенцираат.

Сето ова е многу важно, додаваат, бидејќи тоа е едно од најубавите подароци што природата ни ги дала и мислиме дека е доволно посебно за да биде светско, а сепак наше, да биде природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО.

OhridNews