Ученици од охридската Гимназија, од втора и трета година дел од проектот „Превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади“ на невладината организација „Жртва“ и Европскиот Универзитет поддржан од UNDP, чија цел е зајакнување на капацитети за сузбивање и превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади од Општина Охрид.

Проектот опфаќа неколку фази, во кои предвидени се теоретски работилници за превенција од насилство, работилница во Скопје со посета на национален координатор и невладина организација специјализирана за областа, информираат од Гимназијата.

Активностите за спречување на врсничкото насилство и реализација на активности за превенција и спречување со сите видови насилство ќе се заокружат со неколку полудневни културно – забавни теренски активности низ Охрид како „Охрид – Потрага“, „Безбедност, доверба и комуникација -Спасувачка штафета“, „Решавање на воден конфликт“, „Камп за тимски предизвик“, „Решавање проблеми“, „Рефлектирај и прослави“. Потоа, во септември ќе следува завршен, свечен настан со доделување на сертификати, велат од училиштето.

Воспоставување на институционална соработка со училиштата и останатите општествени чинители, додаваат, е неопходна за продлабочување на заедничките заложби во броба против насилен екстремизам и радикализација на млади лица.

OhridNews