Една од најголемите клупски легенди на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс по примерот на неколку фудбалери и тренери го состави идеалниот тим со фудбалери со кои заедно играл. Со оглед дека целата фудбалска кариера Велшанецот ја помина на Олд Трафорд, фудбалерите доаѓаат од Манчестер Јунајтед но од различни генерации.
Гигс ги подели симпатизерите. Еден дел ги разочара со изборот, а другиот дел го зачуди со изборот на играчи. Во идеалниот тим на Гигс немаше место за Кристијано Роналдо и Немања Видиќ, додека место добија моменталниот менаџер Оле гунас Солскјер и Микаел Силвестре.
На голот се наоѓа Питер Шмајхејл. Во одбраната покрај Силвестре се Рио Фердинанд, Гери Невил и Денис Ирвин. Средниот ред го сочинуваат Пол Сколс, Рој Кин и Ники Бат. Во нападот се Дејвид Бекам, Вејн Руни и Солскјер.
Гигс повеќе вкушно 24 сезони го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и беше незаменлива алка во мозаикот на Сер Алекс Фергусон кој освојуваше титули на сите полиња.
OhridNews