Експертите на американската агенција за вселенски истражувања NASA откриле гигантски астероид, кој на 31-ви октомври ќе ѝ се приближи на Земјата на рекордно блиско растојание во последните девет години, јавува „Макфакс“.
Брзината со којашто ова вселенско тело ѝ се приближува на Земјата, изнесува 35 километри во секунди, што е невообичаено висок показател, истакнуваат американските научници.
Објектот, кој е означен со 2015 TB145, ќе мине крај нашата планета на оддалеченост од 499.000 километри, што е еднакво на 1,3 растојанија од Земјата до Месечината. Според истражувачите, дијаметарот на астероидот може да изнесува од 280 до 620 метри, пишува британски The Mirror. Весникот истакнува дека според прогнозите на научниците, објектот 2015 TB145 не претставува опасност за Земјата.
Последниот пат ова вселенско тело пролета крај земјата на најблиска оддалеченост , споредена со 1,1 растојание од Земјата до Месечината, во 2006 година. Следното приближување кон Земјата на астероид со слични димензии ќе се случи во август 2027 година, се додава во извештајот на NASA.
OhridNews