Во 20-то коло од Премиер лигата сите погледи ќе бидат вперени на Олд Трафорд каде актуелниот шампион Ман Ју ќе ги одмери силите со најголемиот ривал Челзи. Минатата сезона мина во знак на овие две екипи. Сезоната ја отворија со Черити шилд купот каде по изведувањето на пеналите триумфираше Ман Ју. Битката продолжи  во Премиер лигата каде се до последното коло се водеше мртва трка, а титулата отпатува на Олд Трафорд. Шлагот на сезоната беше финалето во Лигата на шампиони  во Москва каде по пенал рулетот ѓаволите по трет пат триумфираа во најпрестижното натпреварување.

Натпреварот од првата полусезона на гигантите заврши без победник 1-1. Парк во првиот дел му донесе предност на Јунајтед, а Калу израмни на крајот од мечот. 

Челзи патува на Олд Трафорд со серија од осум победи и еден нерешен исход на овогодишните гостувања во Премиер лигата. Неубедливиот Јунајтед за да се врати во трката за одбрана на титулата повеќе од потребна му е победа во неделниот мега дуел.

Градското дерби во Бирмингем ќе ја отвори Премиер лигашката програма викендов. Четврто пласираната Астон Вила ќе ги одмери силите со ВБА.

Арсенал на Емирати  десеткуван ќе го пречека Болтон. Венгер за утрешнит меч не може да смета на капитенот Фабрегас, Галас и новото засилување Силвестре.

Лидерот на табелата Ливерпул, кој се уште ја нема освоено Премир лигата од незјзиното формирање очекува “лесни“ три  на  гостувањето кај незгодниот Стоук.

Сабота
13:45 Астон Вила – ВБА
16:00 Евертон –Хул, Фулам – Блекбурн, Мидлзброу – Сандерленд, Њукасл – Вест Хем, Порстмут – Ман Сити, Арсенал – Болтон, Стоук – Ливерпул

Недела
14:30 Виган – Тотенхем
17:00 Ман Ју – Челзи

Табела: Ливерпул 45, Челзи 42, Ман Ју 38, Астон Вила 38, Арсенал 35

М.П.